Македонската кошаркарска федерација не ги заборава оние кои оставиле посебен белег во нашата, европската и светската кошарка...
Јанко Луковски повеќе не е со нас, но како што потенцираше неговиот син, Драган Луковски при доделувањњето на посебната благодарница, оставил посебен „простор“ и за оние со кои работел, но и за оние кои треба да ги наследат неговите дела.
„Мислев, се подготвував цел ден за да бидам, да останам мирен, но тешко оди... Јанко беше цел живот во кошарката, така и почина, со кошарката. Но најголема жал, кога зборуваме за Јанко, е оној негов потенцијал, кој за жал, не беше искористен адекватно. Не само во Македонија, туку и во Србија. Беше специфичен карактер, беше незгоден карактер, ама со многу знаење, со љубов, со жар спрема овој спорт.
Многу пораки примивме кога почина Јанко... Но една ми остана посебно впечатлива. Беше од еден наш поранешен кошаркар, од нашата школа за кошарка. Напиша дека му е чест што го запознал Јанко, и дека сите кои ја имале таа прилика да бидат со него, макар и на кратко, по разговорите со него, секој кој бил во контакт со него, однел еден дел од неговиот карактер. Оттука, јас не би должел повеќе за Јанко... Сите оние кои го познаваа, но и оние кои не го знаат, тешко дека јас можам да објаснам, да кажам кој беше Јанко Луковски. Ви благодарам многу!“- се обиде Драган да ја објасни големината на својот татко, на нашиот Јанко Луковски.