08.05.2021 Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур Српската интернационалка, Драгана Гобељиќ, облечена во дресот на Баскет Кам се закити со признанието најкорисен играч на финалето од Купот 2021, „Благоја Георгиевски Буштур“. Во триумфот на Баскет Кам над Бадел 1862 со 64-81, таа помина нешто помалку од 37 минути на паркетот за кои имаше учинок од 25 поени, 9 скока и пет асистенции, за вкупен индекс на корисност од 35 поени на ефикасност. „Би сакала да им се заблагодарам на соиграчите за пружената игра како и на целото раководство за условите кои ни ги овозможи. Нè очекува доста време за тренинг пред почетокот на натпреварите од плејофот. Имаме време да ги поправиме и грешките кои ги правевме денес, но ако настапиме на ист начин во натпреварите што следат верувам дека ќе ја освоиме и шампионската титула. Признанието за најкорисен играч би сакала да го посветам на мојот син“