12.11.2022

Денеска убав кошаркарски хепенинг пред Народниот театар во Гевгелија

Дружење на децата од Гевгелија сo кошаркарските репрезентативци

Денеска, децата од општина Гевгелија имаа една несекојдневна можност, да се дружат со најдобрите македонски кошаркари.

Средбата реализирана пред Народниот театар во Гевгелија имаше спортско рекреативен карактер на која учениците вљубеници во кошарката имаа можност и одблиску да се запознаат со членовите на Македонската сениорска репрезентација и нивната работа, а притоа, секако, и да се фотографираат со своите омилени кошаркари.

Настанот е само едно успешно продолжение од соработката помешу Македонската кошаркарска федерација и општината Гевгелија, која ќе кулминира со утрешниот натпревар салата „26.април“, во кој сениорите ќе ја побараат уште една победа во претквалификациите за ЕП 2025 во натпреварот против селекцијата на Данска.