10.06.2020

Спроведени селективни тренинзи за упис во новата учебна 2020/2021 година

ДСУ Спортска Академија ги реализира селективните тренинзи за упис во новата учебна година

Државното Средно Училиште „Спортска Академија“ ги реализира селективните тренинзи за кошаркарите и кошаркарките кои идната учебна година своето образование сакаат да го продолжат токму на спортската академија.

Согласно протоколот за заштита од COVID - 19, селективните тренинзи се извршија на терен од отворен тип со физичко дистанцирање помеѓу кандидатите и тренерите кои ги спроведуваат селективните тренинзи. Редарска служба водеше сметка за потребното растојание помеѓу кандидатите и присутните од минимум 2 метри во теренот и околу теренот и на местото за публика од каде ќе бидат повикувани кандидатите. Реквизитите и теренот се дезинфицира по промената на учениците.