Едeн од најдобрите европски тренери на сите времиња, Душан Ивковиќ, и еден од најдобрите кошаркари на Стариот континент, Тони Кукоч се номинирани од страна на Интернационалниот комитет, како кандидати за места во „Куќата на славните“ во класата „2021“.
„Најсмит Меморијалниот центар“ ја објави подолгата листа на кандидати за влез во „Хал оф Фејм“ во Спрингфилд на која од другите познати европски имиња се уште и славниот шпански стручњак, Мануел Лоло Саинз, Ранко Жеравица, Јосип Ѓерѓа, Владимир Кондрашин, но и Алфонсо Форд, најдобриот поентер во историјата на Евролигата.
Финалната листа на кадидати ќе биде позната во почетокот на април, 2021 година, за време на „Фајнал-фор“ турнирот од НЦАА лигата, додека церемонијата на финалистите од класата „2021“, ќе се одржи во септември, наредната, 2021 година.