27.12.2020

Чекор поблиску до титулата ’шампион’

Dust Caffe - победник на првиот турнир од Зимската 3х3 лига

Екипата на Dust Caffe, во состав Ервин Цого, Христијан Ристов, Марко Дујковиќ и Милорад Миновски, се доближија еден чекор поблиску до титулата ’зимски шампион’ откако на првиот турнир од 3х3 зимската лига во финалето триумфираа над Ангели Терминатори со 21-13.
Искусните баскетџии без проблеми ја минаа групната фаза, а во нокаут делот од турнирот успеаја да ги надиграат противниците од Баду и од Водно Санс за да стигнат до финалниот натпревар.

Резултати од целиот турнир можат да се погледнат на следниот ЛИНК.

Фотографии од целиот турнир можат да се погледнат на Facebook страницата на КФСМ или на следниот ЛИНК.

Снимка од целиот турнир може да се погледне на следниот ЛИНК.