Женската кадетска селекција на Македонија полека ги привршува подготовките за учество на претстојното ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години во Подгорица.
А како дел од планираните активности, беа реализирани и два контролни натревари. Се одиграа во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, каде ни гостуваше соодветната селекција на Бугарија.
Гостинките беа поуспешни и во двете проверки. Во онаа првата во која поголем број на минути добија кошаркарките кои многу извесно, ќе бидат во таа улога и на претстојниот шампионат во Црна Гора, Бугарија славеше со тесни и неизвесни (44:41).
Многу помали дилеми имаше на втората „контрола“ во која, селекторот Горан Даниловски се определи да ги испроба сите расположиви сили, гостинките победија со убедливи (70:19).
Ова беа и последните проверки за оваа наша национална селекција која ќе ги продолжи подтотовките во Македонска Каменица се до заминуавњето за Подгорица