05.08.2024 Покрај најкорисниот играч на шампионатот, Никола Јаничиќ, во изборот на ФИБА се најде и името на Марко Луканоски Помалку и очекувано, во изборот на идеалната петорка на првенството во Скопје се најдоа и две имиња од шампионската репрезентација - Македонија. Покрај најкорисниот играч на шампионатот, Никола Јаничиќ, во изборот на ФИБА се најде и името на Марко Луканоски. Освен македонскиот двоец, во ТОП 5 на Европското првенство во Скопје се најдоа уште и двајца репрезентативци на Австрија, Имран Суљановиќ и Фун Шот, а идеалната петорка се комплетира со Бугаринот Александар Гаваљугов.