26.11.2017

’Две од две’ за сениорите

Нашата национална селекција во машка сениорска конкуренција ја запиша и втората победа во рамки на првиот прозорец од претквалификациите за Евробаскет 2021. Избраниците на Јорданчо Давитков продолжија во победнички ритам откако по Словачка, ја совладаа и Швајцарија. Вториот натпревар го одигравме пред домашната публика, која безрезервно ги поддржа „црвено-жолтите“ во новиот триумф.

МАКЕДОНИЈА - Швајцарија 83-68