05.07.2019

Две победи на кадетите против Турција

Одминаа неколку седмици откако нашата кадетска машка репрезентација започна да ги обавува подготовките за настап на континенталниот собир, закажан за во месец август. 

Селекторот Денис Дервишевиќ ги одбра своите воини кои ќе ги бранат националните бои во Удине, Италија, како и  стручните соработници кои ќе му помагаат покрај аут линијата.

По неколку седмици тренирање во нашата престолнина Скопје и обавување на задолжителните медицински прегледи, избраниците на Дервишевиќ ги вкрстија погледите на теренот со соодветната национална селекција на Турција против која ги одиграа првите пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период.

Нашите млади репрезентативци успеаја двапати во низа да ја совладаат противничката репрезентација. На првиот натпревар славевме со 69-63 (13-18, 18-11, 7-17, 19-11 и 12-6) додека на вториот запишавме триумф од 70-63 (13-18, 18-11, 7-17, 19-11 и 13-6).

За кадетите следи период за тренирање во Скопје, па пријателски натпревари против Бугарија на гостински терен. 
По враќањето од Бугарија кадетите ќе ги нагостат репрезентациите на Израел, Полска и Чешка на пријателски турнир во Скопје, а потоа ќе заминат на финално темпирање на формата во Маврово.

Статистика натпревар 1

Записник натпревар 2