Две победи од вкупно три одиграни натпревари запишаа нашите јуниори на турнирот кој се одигра изминатиот викенд во Скопје.
Тони Симиќ и неговите избраници ги нагостија соодветните селекции на Албанија, Бугарија и на Косово во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство за кошаркари до 18 години (дивизија Б) кое ќе се одигра во Орадеа, Романија.
Натпреварите, нашите репрезентативци ги одиграа во големата сала на „Кале“.
На првиот натпревар запишавме тесен и единствен пораз од соодветната национална селекција на Бугарија со 78-84 односно 14-21, 21-17, 25-25 и 18-21. На вториот натпревар славевме против Косово со 92-64 односно 22-15, 27-9, 23-16 и 20-21 по делници. На последниот натпревар ја совладавме и селекцијата на Албанија со 86-56 (17-18, 24-14, 19-10, 26-14).
Неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство (дивизија Б).
ЗАПИСНИЦИ
НАТПРЕВАР 1
НАТПРЕВАР 2
НАТПРЕВАР 3