Екипите кои се натпрeваруваа(т) во „Ендеса“ лигата постигнаа договор оваа сезона да заврши со финален турнир на кој ќе учествуваaт 12.најдобри на табелата во моментот на прекинот предизвикан од епидемијата на коронавирусот.
Сепак, анонимната анкета покажа дека играчите не се за натпреварување. Дури две третини од испитаните 157. кошаркари, биле против.
Како што се наведува, во анкетата спроведена од страна на Асоцијацијата на професионални играчи на Шпанија (АБП), учествувале играчи од 12.клубови кои треба да продолжат со натпреварувањето кое е планирано да биде како еден завршен турнир. А најголем процент на негативни одговори дадоа оние играчи чии клубови се натпреваруваат во Евролигата.
По 16. кошаркари од Барселона и од Басконија гласале со „НЕ“, а истото го направиле и вкупно 14. кошаркари на Реал Мадрид. Само двајца првотимци од „кралскиот клуб“ одговориле со „ДА“.
Од друга страна, сите десет кошаркари на Сарагоса биле сезоната во АЦБ лигата да продолжи.
Како што е познато, раководството на лигата најави дека до крајот на овој месец ќе донесе одлука дали лигата ќе продололжи или не.
Но судејќи според оваа анкета, изгледите се ставени на минимум.