Две наши национални селекции, оние „Под 16“ години, ќе бидат дел од кошаркарскиот турнир на Европскиот младински олимписки фестивал кој се одржува во нашата земја.
Машката селекција, која се подготвува за настап на Европското првенство од Дивизијата„Б“ во Скопје (7-16 август), е дел од групата „А“ на овој собир на млади спортист(к)и, заедно со репрезентациите на Турција, Франција и Летонија.
Женската селекција, која исто така ја очекува настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Истанбул (20-29. август), ќе игра во групата „А“, заедно со селекциите на Белгија, Финска и Германија.
Согласно со системот за натпреварување, по онаа прва групна фаза, и ден пауза (24.јули), следуваат натпреварите за пласман (А1-Б4, А2-Б3, А3-Б2, А4-Б1). Победниците во овие натпревари обезбедуваат пласман во полуфиналето, двете најдобри ќе се борат за златниот медал и победничкиот пехар.
Машкиот турнир ќе се игра во спортската сала во Куманово, додека оној женски сегмент своите натпревари ќе ги игра во непосредна близина, односно во салата „Перо Наков“.
ЕМОФ—КОШАРКАРСКИ ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА
МАЖИ
21.ЈУЛИ
18.15: Македонија – Турција
22. ЈУЛИ
18.15: Франција – Македонија
23.ЈУЛИ
18.15: Летонија – Македонија
*Натпреварите се играат во спортската сала во Куманово
ЖЕНИ
21.ЈУЛИ
16.00: Македонија – Белгија
22. ЈУЛИ
16.00: Финска – Македонија
23.ЈУЛИ
16.00: Германија – Македонија
*Натпреварите се играат во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово