02.03.2020

Една, ама победа вредна тројка на Витингтон

Реал Бетис славеше минимален триумф над Ретабет Билбао (81:79), па сега е на два чекори пред екипите на кои им се заканува испаѓање од АЦБ лигата...

 

Шејн Витингтон го одигра својот прв меч за Реал Бетис по враќањето во Севиља, а по оние репрезентативни обврски со нашиот национален тим.

Американецот со македонски пасош се најде во стартната петорка на Реал Бетис за дуелот со Ретабет Билбао, кој „зелено-белите“ го решија во своја корист со минимални (81:79).

Витингтон одигра 14:34 минути. Притоа реализираше еден од трите обиди вредни три поени. Имаше и пет скока и една асистенција за тоа време поминато во игра.

По 22.кола во најсилната европска лига, Реал Бетис е на ефект (7-15), со кој ја дели 15.позиција на табелата, пред Фуенлабрада (5-16) и Естудијантес (5-17).

Хувентуд на Ненад Димитријевиќ (не играше во ова коло поради вирус), има скор (9-13), доволен за позицијата број 12.