23.06.2019 Нашата младинска репреентација за нешто повеќе од дваесет дена колку што се подготвува за Европското првенство (дивизија Б) веќе одигра шест пријателски натпревари. Избраниците на Дарко Радуловиќ разигруваа против врсниците на Косово во Маврово, а потоа одиграа и двомеч против Бугарија во Скопје. Тековниот викенд, репрезентативците до 20 години ги нагостија соодветните селекции на Црна Гора, Косово и на Русија на пријателски турнир на кој запишаа една победа. За нашите младински репрезентативци следат уште четири натпревари, двомеч против Унгарија и двомеч против Бугарија на гостински терен, во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 20 години кое ќе се одигра во Португалија. 21.06.2019 18:00h Северна Македонија - Црна Гора 45-75 20:15h Русија - Косово 77-43 22.06.2019 18:00h Косово - Северна Македонија 55-77 20:15h Црна Гора - Русија 67-70 23.06.2019 18:00h Црна Гора - Косово 78-33 20:15h Северна Македонија - Русија 79-85