31.01.2020

Една тројка на Ѓуроски, ама два бода за Евре

Екипата на нашиот репрезентативец славеше со минимални (75:73) на гостувањето кај О-Мориен...

 

Како стартер, Стојан Ѓуроски одигра 20.минути, не шутираше многу, но што е поважно, екипата за која настапува во оваа сезона славеше победа, макар и минимална...

На гостувањето кај О-Мориен, неговиот тим во ПРО Б лигата победи со минимални (75:73).

Нашиот репрезентативец имаше  три обиди за три поени. Погоди еден од нив. Имаше и еден неуспешен удар од поле, како и два скока за тоа време во игра.

Ова е седма победа за Евре во 17.одиграни мечеви во француската ПРО Б, со кои сега е на позицијата број 13 во ова натпреварување.