Со освоени 197.4 поени, машката сениорска репрезентација на Македонија е рангирана на 29. место на европската рејтинг листа на ФИБА. А во исто време, нашиот најдобар тим е поставен на 52. позиција во вкупниот светски поредок на Светската кошаркарска ефдерација.
Тоа значи дена „црвено-жолтите“ направија еден чекор понапред во вкупниот рејтинг кој го креира ФИБА во тековната календарска 2021 година.
Новата година нашите противници во „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп 2023 ја дочекуваат на доста повисоки позиции. Во овој момент, селекцијата на грузија, со која ќе се соочиме во оној февруарски „прозорец“ на ФИБА, е на 38. место во светот, а на 19. место кога се класифицираат европските национални тимови во машка конкуренција.
Селекцијата на Украина е на 32. место во светот на кошарката , а на 16. во европската зона на ФИБА, додека пак Шпанија е веднаш зад неприкосновените Американци.
„Црвената фурија“ има 724.1 поени, и после двете победи во нашата квалификаиска група, заостанува уште помалку во однос на водечкиот САД кој 2021 година ја затвора со 763.3 освоени ппени во поредокот.