Селекторот на Норвешка, Матијас Екхоф ги „призна“ убедливиот пораз во овој, за него навистина „чуден“ натпревар против нашата најдобра селекција.
„Знаевме дека ова ќе биде голем тест. Ми се допаѓа играта на Македонците. Физичка, одлична одбрана. Си ја завршија ‘домашната работа’, а ние имавме низа на лоши одлуки кога правевме грешки и немавме конзистенција во нападот. Ние сме млад состав, особена на меѓународната сцена каде што очекувам да имаме вакви натпревари кога нема да можеме да ја контролираме играта на противникот“.
Екхоф очекува подобри игри на неговата репрезентација во дуелит екои следуваат:
„Натпревар по натпревар ќе се подобриме, и се надевам ќе покажеме подобра игра на натпреварот кога Македонија ќе дојде во Норвешка. Како спортист, морам да ги ценам ваквите настапи и да научам од нив. Никогаш не сум водел натпревар во кој сме реализирале триесетина поени. Ќе учиме, ќе се приспособиме и се надеваме дека ќе бидеме подобри“- дополни норвешкиот селектор на прес-конференцијата.