Со речиси двојно повеќе поени од противникот во финалниот натпревар (21-11), екипа од репрезентацијата на Македонија во баскет (3х3) го освои турнирот организиран од 3х3 Србија во Стара Пазова во рамки на подготовките кои неколку дена ги одработуваат во соседната земја.
Селекторот Иван Ристовски ги подели момците кои се дел од репрезентацијата во две екипи за овој турнир - Македонија 1 (во состав: Петар Прентовиќ, Огнен Ивановски, Ивица Глигоровски и Благој Димитриев) и Македонија 2 (во состав: Марко Дујковиќ, Христијан Ристов, Ервин Цого и Стефан Цариќ).
Баскетџиите од Македонија 2 ја совладаа екипата на Галенс во финалето, а претходно на нишанот им се 'наместија' и 3х3 Краљево, Гардош БетОле, Вишер и 3х3 КВ.
Подготвителниот период на 3х3 репрезентацијата се доближува кон крајот. Тимот заминува за Констанца, Романија веќе идниот петок каде ќе земе учество во квалификациите за Европскиот Куп.
СТАРА ПАЗОВА РЕЗУЛТАТИ