14.05.2023

Имаше сериозна конкуренција во соиграчите како што се Сања Адамовска и Цветанка Димова...

Елена Тасевска е најкорисниот играч во финалето на плеј-офот!

Кошаркарката на Баскет кам 2011, Елена Тасевска беше избрана и за најкорисен играч во завршната серија од финалето на плеј-офот во женска конкуренција.

Македонската репрезентативка одигра одлично и во третиот меч од финалето, прв одигран во Скопје. Особено важни беа нејзините поени во последната, решавачка четвртина од овој последен меч во сезоната.

На крајот, за 36:15 минути во игра, дојде до дабл-дабл ефект изразен преку реализација од 22.поени (5/9 за три, 1/6 за два и 5/6 за еден поен), дополнети со десет скока (два офанзивни), три освени топки, една асистенција и 22 иденски поени, најмногу од сите актери на финалето.