29.12.2023

НАЈДОБРА КОШАРКАРКА ЗА 2023 ГОДИНА

ЕЛЕНА ТАСЕВСКА: „Ова е само еден мотив и поттик за понатаму“

Експлодираше, онака играчки, кога беше најпотребно, во натпреварите кои носат шампионска титула. Одигра скоро беспрекорно во оние плеј-оф серии преку кои Баскет Кам, екипата за која игра, го врати шампионскиот сјај.

„Благодарам на моите тренери и селектори. Ова е мое прво вакво признание. И е само еден мотив, и поттик плус за понатаму“ – изјави добитничката на главната награда во женската сениорска кошарка за 2023 година.