Здружението на кошаркарските тренери на Македонија направи мала промена во реализација на планираните активности по завршувањето на натпреварувачката сезона. И одложениот тренерски семинар од 24.јуни, го презакажува за 9.јули. Ќе биде реализиран во периодот од 10 до 12 часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје
Предавач ќе биде Емил Рајковиќ и неговиот долгогодишен асистент Сашо Тодоровски.
Во последните неколку години Рајковиќ бележи одлични резултати во реномирани лиги, и неговото предавање на една пообемна тема би била од голем интерес за сите наши тренери.
Темата е „Основи на периодизација и техничко-тактички вежби во подготвителен период. Подготовка на екипата во 6-7 неделен период до официјален старт на сезоната“.
Присуството на семинарот е задолжително и е условно за добивање на лиценца за наредната натпреварувачка сезона 2022/2023.
Сите оние имаат уплатено членарина, предавањето можат да го следат без надомест, а останатите своите обврски за влез и за членарина ќе ги реализираат дополнително.
По завршување на предавањето кое се планира да биде околу два пати по еден час, ќе се одржи планираното годишно собрание на ЗКТМ, со точки на дневен ред кои дополнително ќе бидат потврдени.