17.06.2022

„Многу сум горд на поканата и ја ценам довербата на управата на ЦСКА и сопствениците на клубот“

Емил Рајковиќ е главен тренер на ЦСКА: „Голема е честа, но, истовремено, голема одговорност да се биде главен тренер на еден толку славен клуб со голема историја како ЦСКА,

Емил Рајковиќ е главен тренер на ЦСКА, тоа стана јасно откАко денеска раководниот тим на кошаркарската секција на „Црвената армија“ од Москва, Андреј Ватутин го потврди договорот со македонскиот тренер: 

„Голема е честа, но, истовремено, голема одговорност да се биде главен тренер на еден толку славен клуб со голема историја како ЦСКА, особено во пресрет на 100-годишнината. Многу сум горд на поканата и ја ценам довербата на управата на ЦСКА и сопствениците на клубот, компанијата „Норникел“. Заедно ќе работиме со голема посветеност, за да се осигураме тимот да игра модерна и спектакуларна кошарка која ќе биде интересна за нашите навивачи. Воедно, ќе се фокусираме на победа на секој натпревар и ќе ги развиваме нашите играчи за да го достигнат својот полн потенцијал“- гласат првите зборови на Рајковиќ, сега веќе како шеф на стручниот штаб на еден од најголемите клубови во Европа, секако и во светот.