17.04.2023

Огромно признание, второ во кариерата за македонскиот стручњак на кормилото на московска ЦСКА

Емил Рајковиќ е тренер на годината во ВТБ лигата

Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер на сезоната во една од најсилните еврпски лиги - ВТБ лигата.

На почетокот на оваа сезона, македонскиот тренер ја превзема ЦСКА од Москва и веднаш стигна до неверојатни успеси, притоа поставувајќи нови рекорди со „армејците“.

Рајковиќ и неговиот стручниот тим во кој е вклучен и Сашо Тодоровски го завршија регуларниот дел од сезоната во силната конкуренција како првопласирани со скор од 30 победи на 32. одиграни натпревари.

Освен тоа, ЦСКА го имаше и најдобриот старт на сезоната со 24. победи без пораз, најдолга победничка серија со 24. триумфи во низа, како и 14. натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар поентерски учинок во сезоната со просек од 95.6 поени.

Освен тоа. 44. годишниот скопјанец успеа и да се запише во историјата како единствениот кој успеал да освои две награди за надобар тренер на годината со два различни тимови.

Претходно тоа беше во сезоната 2018/19 кога регуларниот дел од сезоната со екипата на Астана заврши на шестото место на табелата, а во една навистина силна конкуренција со Димитрис Итудис, Евегениј Пашутин, Јоргос Барцокас, Саша Обрадовиќ…

За Рајковиќ останува уште да ја круниса неверојатната сезона во титула во ВТБ лигата.

Во моментов, ЦСКА игра во полуфиналето од плеј-офот каде има нерешен скор (1-1) против Локомотив Кубан во серијата која се игра до четири победи.