27.12.2022

Најдобар македонски тренер во странство за 2022 година

Емил Рајковиќ: „Година која беше вистински предизвик за мене, најтешкото допрва доаѓа, во наредната...“

Емил Рајковиќ, е најдобриот македонски репрезент во странство. Втора година по ред, ја добива наградата, само како потврда повеќе

За посветеноста кон работните обврски кои ги има на руско тло, прво во Саратов, а од пред неколку месеци и како предводник на „црвената армија“, најдобриот руски клуб на сите времиња.

„Би сакал да им ги честитам претстојните Новогодишни и Божиќни празници на сите кои се дел од кошарката во Македонија, и да и се заблагодарам на Mакедонската кошаркарска федерација, за наградата најдобар тренерски репрезент на македонската кошарка во странство.

Оваа година беше голем предизвик за мене, лично, но и за стручниот штаб со кој што работам. Сите тие победи, успеси немаше да бидат возможни  без соработката со моите со најблиските соработници, кои што ги знаете и самите, Сашо Тодоровски, кој што е многу години со мене и ми помага во работата. Исто така и Марко Величковиќ, добро познат за македонската јавност, затоа што работи со мене уште од времињата кога работев во Работнички. Најтешкото допрва доаѓа во наредната година. Се надевам дека ќе имаме уште можности, и причини за гледање, и би сакал да им посакам среќа, посебно на федерацијата во претстојните, во понатамошните борби за пласман на сениорскиот национален тим во квалификациите“- порача од Москва, најдобриот наш тренерски репрезент во светот.