Без победа во трите одиграни кола останаа двете наши селекции на Европскиот младински олимписки фестивал во оној кошаркарски сегмент.
Многу блиску до првиот успех на собирот во Куманово беа нашите млади кошаркари. Во третото коло, избраниците на селекторот Нермин Пепиќ загубија минимално од Летонија, со резултат (97:98).
Претходно, во регуларниот дел од средбата во реновираната спортска сала во Куманово, имаа нерешен резултат (88:88).

ФОТО: Никола Ивановски (Кумановски муабети)
А во најдоброто издание на кадетите во досегашниот дел од фестивалот, Чучанов имаше одличен учинок, изразен со реализација на дабл-дабл од 24.поени и 14. скока, но и шест асистенции.
Го следеше Сотир, кој освен 22. реализации, оствари и осум скока, и по две блоакдии освоени топки. Двоен број на поени во нашата селекција „Под 16“ години имаа и Илиев, кој постигна 15.поени (имаше и шест скока), и Ѓиновски кој даде 11, а ги дополни со уште пет скока, четири освоени топки, и две додавања.
Претходно, трет пораз и на нашата женска селекција. Далеку подобра од нашата, беше репрезентацијата на Германија, која победи со резултат (91:18).
ЕМОФ—КОШАРКАРСКИ ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ
МАЖИ
1.КОЛО
Македонија – Турција 56:88
2.КОЛО
Франција – Македонија 89:55
3.КОЛО
Летонија – Македонија 98:97
ЖЕНИ
1.КОЛО
Македонија – Белгија 40:111
2.КОЛО
Финска – Македонија 76:35
3.КОЛО
Германија – Македонија 91:18