На вториот натпреварувачки ден од кошаркарскиот турнир од ЕМОФ, женската селекција на Македонија загуби од Финска. На крајот сето тоа изгледа и доста убедливо (76:35) во корист на гостинската репрезентација.
На вториот меч за нашите кадетки на турнирот кој се игра во Куманово, пресудна беше лошо одиграната втора четвртина на селекцијата на Македонија во која противник направи предност од 22.поени, и на полувремето имаше недостижни (42:14).
Милосављевиќ реализираше десет поени и седум скока во нашата репрезентација, која утре попладне од 16.часот го игра третиот натпревар на турнирот. Противник, од 16.часот, во салата „Перо Наков“ ќе им биде селекцијата на Германија.
Пораз забележа и машката репрезентација на Македонија.
Подобри од нашите кадети беа оние на Франција кои прославија убедлив триумф (89:55).
Сите дилеми околу победникот беа тргнати уште по 20.минути од играта во кои Французите направија предност, (54:23).
Во нашата селекција, Сотир беше стрелец на 12.поени, Чучанов даде 11.
Во третото коло на турнирот, машката селекција, која се подготвува за настап на Европското првенство од Дивизијата„Б“ во Скопје (7-16 август), ќе игра против селекцијата на Летонија (мечот е закажан за 18.15 часот).
ЕМОФ—КОШАРКАРСКИ ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА
МАЖИ
21.ЈУЛИ
Македонија – Турција 56:88
22. ЈУЛИ
Франција – Македонија 89:55
23.ЈУЛИ
18.15: Летонија – Македонија
*Натпреварите се играат во спортската сала во Куманово
ЖЕНИ
21.ЈУЛИ
Македонија – Белгија 40:111
22. ЈУЛИ
Финска – Македонија 76:35
23.ЈУЛИ
16.00: Германија – Македонија
*Натпреварите се играат во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово