Идентично како и женската, така и машката 3х3 јуниорска репрезентација го започна настапот на Европскиот младински олимписки фестивал со победа.
Наум Марковски, Матија Ѓоровиќ, Дамјан Стојановски и Благојче Димитровски, под селекторските насоки на Стефан Цариќ, ја совладаа соодветната репрезентација на Германија со 10:14.
Во рамки на вториот натпревар, нашите јуниори загубија од Литванија во продолженијата, со 17-19.
Следно за јуниорите е натпревар против Словенија, закажан за 24. јули.
