Женската 3х3 репрезентација до 18 години, една од претставниците на Македонија на Европскиот Младински Олимписки Фестивал го започна настапот на ЕМОФ со силна победа над соодветните противнички од Литванија.
Избраничките на селекторката Теа Митрева, во состав (од лево кон десно на фотографијата подолу): Лара Малиновска, Дора Алексова, Јана Кукунешоска и Теодора Мариновска запишаа победа со 14-11, за време на десетминутната игра на теренот во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје.
Неколку часа подоцна, во рамки на вториот натпреварот од групата А, нашите претставнички загубија од селекцијата на Германија со 21-4.
Следно на распоредот за јуниорките е натпревар против Словенија, на 24. јули.
Сите распореди и резултати можат да се погледнат на официјалниот вебсајт на турнирот на овој линк.
