Две наши национални селекции, оние „Под 16“ години, се дел од кошаркарскиот турнир на Европскиот олимписки младински фестивал кој се одржува во нашата земја.
На првиот ден од собирот во Куманово, порази за двете наши кадетски селекции.
Прво, женскиот состав на Македонија загуби убедливо од репрезентацијата на Белгија со резултат (40:111). Сарафиловска, со 14.поени, беше нашата единствена кошаркарка со двоцифрен број на реализации.
Нешто подоцна, нашата машка селекција за кошаркари „Под 16“ години играше против фаворитот, селекцијата на Турција, и загуби со резултат (56:88).

ФОТО: Никола Ивановски (Кумановски муабети)
Турската селекција издоминира во првото полувреме во ко се стекна со недостижна предност (48:25). Нашите кадети играа многу подобро во второто полувреме во кое му парираа на силниот противник, но не успеаја да симнат дел од големата негатива која ја имаа по 20.минути од играта.
Дион Шабани реализираше двоен ефект, имаше 20.поени и 10.скока, го следеше Сотир, кој постигна 11. поени.
Во второто коло на турнирот, машката селекција, која се подготвува за настап на Европското првенство од Дивизијата„Б“ во Скопје (7-16 август), ќе игра против селекцијата на Франција (мечот е закажан за 18.15 часот), додека женската селекција, која исто така ја очекува настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Истанбул (20-29. август), од 16.часот за противник ќе ја има репрезентацијата на Финска.
ЕМОФ—КОШАРКАРСКИ ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА
МАЖИ
ПРВО КОЛО
Македонија – Турција 56:88
22. ЈУЛИ
18.15: Франција – Македонија
23.ЈУЛИ
18.15: Летонија – Македонија
*Натпреварите се играат во спортската сала во Куманово
ЖЕНИ
21.ЈУЛИ
Македонија – Белгија 40:111
22. ЈУЛИ
16.00: Финска – Македонија
23.ЈУЛИ
16.00: Германија – Македонија
*Натпреварите се играат во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово