Од денеска, екипата на Хувентуд оди на годишен одмор. Заврши сезоната за Ненад Димитријевиќ и соиграчите откако во решавачкиот меч од четвртфиналето на плеј-офот во „Ендеса“ лигата беа убедливо поразени од Барселона.
Во третиот меч, а втор одигран во „Блауграна“, Барселона го сопре Хувентуд (94:73) и со (2-1) ја затвори оваа серија, по која ги чека полуфиналната, против екипата на Тенерифе.
Се беше решено во третиот дел од играта во кој домашната екипа ја направи клучната предност (37:14), за недостижни (82:52).
А на последниот натпревар во оваа успешна сезона за Хувентуд, и покрај повредата на скочниот зглоб, Ненад Димитријевиќ одигра 23:21.минути. Притоа реализираше десет поени (0/2 за три, 4/7 за два и 2/2 за еден поен), како и шест асистенции, и еден скок.