13.03.2021

Ново добро издание на Џејкоб Вајли. Беше двоцифрен во„Блауграна“ уште во првото полувреме, но фаворитот победи (107:88)

„Ендеса“ лига: Барса го прекина низот на Вајли и Сарагоса

Вечерва, Барселона ја пречека Сарагоса, на нашиот репрезентативец Џејкоб Вајли. И ја оправда фаворитската улога. Во „Блауграна“ беше (107:88) за каталонците.

Посебно добри моменти имаше силното крило на Сарагоса во првото полувреме. За 16:40 минути во игра, реализираше 11.поени, со висок процент во шутот од игра (5/7 за два поени) и (1/2 од линијата за слободни фрлања), плус два скока и една блокада. Силното крило на нашиот национален тим ја заврши средбата со 14. реализации (6/9 за два и 2/4 за еден поен)и три скока за 27:36 минути на теренот. 

За тимот од Сарагоса ова беше 25.меч во сезоната на „Ендеса“ лигата, и 15. пораз со кој се одалечија уште повеќе од осмата позиција, последната која води во плеј-офот.