20.12.2020

Десет поени на Ненад Димитријевиќ, петти пораз за Хувентуд (88:74) во 14.кола од шпанската елитна дивизија

„ЕНДЕСА“ ЛИГА: Барселона издоминира во дербито на Каталонија

Овој викенд во Шпанија се играше 15.коло во „Ендеса“ лигата. Коло кое го донесе и каталонското дерби, дуелот помеѓу екипите на Барселона и Хувентуд.

А по 40.минути во „Блауграна“, победата ја однесоа кошаркарите на Барселона.

Беа „бордо-сините“ доминантни, особено во второто полувреме, за конечни (88:74).

Ненад Димитријевиќ не беше дел од првата петорка на тимот од Бадалона. Освен тоа, рано влезе во проблеми со личните грешки, па остана само на шест одиграни минути во првото полувреме во кои реализираше два поени и еден скок, и само еден реализиран шут од поле од шест обиди.

И 20.минути во кои Барселона дојде до двоцифрено водство (39:29).

Малку нешта му поаѓаа од рака на плејмекерот на Хувентуд на најблиското гостување во оваа сезона и во второто полувреме. Загуби две топки, никако не го пронајде својот играчки ритам. Ги одигра само уште последните пет минути од дербито, кога прашањето околу конечниот победник беше одамна решено.

Заврши со солидни десет дадени поени (1/4 за три, 2/5 за два, и 3/4 за еден поен) и еден скок за вкупно 13:39 минути во игра.

По 14. одиграни натпревари во „Ендеса“ лигата, Хувентуд е на ефект (9-5), и 5.место на табелата.