04.06.2021 Екипата на Хувентуд се избори за „мајсторка“ во четвртфиналната откако на домашен терен славеше со (72:63). „Зелено-црните“ водеа во текот на целиот меч. Барса два пати успеа да израмни, но не го направи последниот чекор. Ненад Димитријевиќ одигра уште еден извонреден натпревар иако се повреди пред крајот на првото полувреме. Затоа на теренот помина само 16. минути, но и покрај тоа беше трет стрелец во својот тим со десет поени, зад Басас кој постигна 20 и Рибас со 12. Одлучувачкиот натпревар од оваа серија се игра в сабота на теренот на Барселона, во „Блауграна“. Победникот во полуфиналето ќе се сретне со Тенерифе кој веќе го елиминира Бургос со брзи 2-0 во другата серија од четветфиналето на „Ендеса“ лигата.