Ненад Димитријевиќ не беше во стартната петорка на Хувентуд. Но тоа не му посмета на нашиот млад репрезентативец да прикаже уште една одлична игра, сега и против веројатно неговиот нареден клуб во кариерата.
За нешто повеќе од 17.минути во игра, бекот на Хувентуд стигна до скор од 13. поени (5/7 за два и 3/4 за еден поен, седум асистенции и два скока.
Впрочем, комплетната гостинска екипа од Бадалона прикажа навистина добра игра на ова гостување во Валенсија. „Зелено-црните“ имаа резултатска предност во целиот тек на средбата која на крајот ја реализираа во своја корист (102:89).
Што е поважно со оваа 17. победа во 28. одиграни мечеви досега, Хувентуд се изедначи со Валенсија, и сега го дели шестото место на табелата, кое извесно носи и избегнување на плеј-оф серии во четвртфиналето, со топ фаворитите, Реал Мадрид односно Барселона.