Овој викенд во Шпанија се играат натпреварите од 19. коло од „Ендеса“ лигата. Коло кое го донесе и дуелот помеѓу екипите на Гран Канарија и на Хувентуд.
Во натпревар во кој домашната екипа имаше постојана предност, победи Гран Канарија со резултат (96:85).
Ненад Димитријевиќ не беше меѓу стартерите, а на големо изненадување, не влезе во игра во првата четвртина на ова далечно гостување за екипата од Бадалона.
Играше во втората, и со делумно негова помош, Хувентуд направи резултатски пресврт. До полувремето, негативата од шест поени (22:28), гостите ја претворија во минимално водство (45:44).
Во продолжението Македонецот брзо дојде до двоен број на поени, но и четири лични грешки. А на крајот од натпреварот застана на бројката од десет поени (1/3 за три, 2/6 за два и 3/3 за еден поен) и две асистенции за 18:41 минути поминати на теренот.
Ова беше осми пораз во 18.одиграни мечеви за Хувентуд во најсилната европска лига, засега доволно за седмо место на табелата.