Исклучително ефикасен меч одиграа екипите на Касадемонт Сарагоса и Хувентуд во рамките од 25. коло од шпанската „Ендеса“ лигата.
Дуел на кој победата ја однесоа гостите од Бадалона (100:95)
Особено интересен, ако се знае дека на едната страна, во домашната екипа играше Џејкоб Вајли, додека пак на другата, во екипата на Хувентуд играше неговиот репрезентативен колега, Ненад Димитријевиќ.
И што е особено битно, двајцата македонски репрезентативци беа во главните улоги.
Новиот играч на тимот од Сарагоса го одигра третиот меч во новиот дрес. И имаше одлично издание. Го заокружи со дабл-дабл ефект од 21.поен (9/16 во шутот од поле,3/4 од линијата за слободни фрлања), плус и десет скока и едно успешно додавање за 26:29 минути на теренот.
На другата страна Ненад Димитријевиќ дојде до скор од 19.поени (2/3 за три, 6/9 за два и 1/2 за еден поен), пет асистенции и еден скок за 25:25 минути во игра.
Меч по кој Хувентуд има скор од 13-10, доволен за седмото место на табелата, додека пак Сарагоса останува на ефект (10-13). За 11 место во вкупниот поредок на „Ендеса“ лигата во Шпанија.