Хувентуд и Ненад Димитријевиќ имаат беспрекорни „пет од пет“ во Еврокупот, но малку поинаку е во мечевите од „Ендеса“ лигата. Тимот од Бадалона имаше нималку лесно гостување во Фуенлабрада, во кое не успеа да го задржи тој победнички менталитет од мечевите од Еврокупот.
Загубија Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи на ова секогаш тешко гостување со резултат (84:93).
Првата четвртина беше доста израмнета. Двете екипи реализираа по 23. поени. А Ненад Димитријевиќ реализираше четири поени, плус два скока и исто толку асистенции во тој дел од играта.
Во отсуство на Пау Рибас, нашиот репрезентативен бек доби уште поголем простор за игра. До крајот на првото полувреме, македонскиот репрезентативец реализираше седум поени (3/6 за два и 1/1 од линијата за слободни фрлања). Плус и четири успешни додавања и два скока за 14:16 минути во игра, во егал резултатот (48:48).
Во второто полувреме, Фуенлабрада прва направи двоцифрена предност. По три четвртини, домашната екипа водеше со двоцифрени (72:62). А двоцифрен број на поени – 10, имаше и Димитријевиќ.
Токму со четирите поени по ред на нашиот репрезентативец, во последниот дел од играта, Хувентуд се врати на достижен минус од шест поени (70:76).
На истекот од 40.минути, Димитријевиќ дојде до ефект од 15.поени (0/3 за три, 5/13 за два и 5/7 за еден поен), како и пет асистенции, четири скока, три загубени и една освоена топка за 28:48 минути на теренот.
По осум одиграни кола во „Ендеса“ лигата, екипата од Бадалона има ефект од пет победи и три порази.
Во наредното, 9.коло, на првиот ден од ноември, „зелено-црните“ за противник ја имаат екипата на Естудијантес на домашен терен.