25.05.2021

Со седум поени и три скока ја заврши сезоната македонскиот репрезентативец

ЕНДЕСА ЛИГА: Џејкоб Вајли се одјави од Сарагоса

Џејкоб Вајли и неговата екипата Касадемонт Сарагоса го завршија својот настап во „Ендеса“ лигата за сезоната 2020/2021.

Дуелот на домашен терен против Тенерифе (го загубија убедливо со 60:91), беше и последната работна обврска за македонскиот репрезентативец во оваа сезона, која силното крило ја подели на два дела.

Во првиот беше играч на Гран Канарија, а во вториот продолжи како играч на тимот од Сарагоса.

На разделба со Сарагоса, која по овој пораз остана на 13.позиција на табелата, како стартер, Вајли одигра 23:12 минути во кои реализираше седум поени (3/7 за два и 1/1 за еден поен) и три скока.

Во наредната сезона, Џејкоб Вајли ќе се врати во тимот од Канарските Острови со кои има уште една година од актуелниот договор.