Кошаркарите на Касадемонт Сарагоса ја продолжија трката за место кое води во плеј-офот на најсилната европска лига.
А Џејкоб Вајли се врати на местото каде беше до пред нова година – Канарските Острови.
Но сега македонскиот репрезентативец како играч на екипата од Касадемонт Сарагоса која на крајот го загуби мечот со Гран Канарија (76:84)
Откако обезбедија место во „Финалните осум“ во ФИБА Лигата на Шампионите, „црвените“ беа рамноправен ривал со конкурентот за тоа осмо место, последното кое води во доигрувањето за титулата.
За 23:26.минути, Џејкоб Вајли комплетираше девет поени (3/6 за два и 3/4 за еден поен). Додаде и три блокади и еден скок за тоа време во игра.
По 27.одиграни кола, Касадемонт Сарагоса има скор 10-17, доволен за 12.место на табелата во „Ендеса“ лигата.