Извонредно прво полувреме одиграа кошаркарите на Хувентуд во дерби дуелот од 7 коло на „Ендеса“ лига против бранителот на титулата во Шпанија, екипата на Басконија.
По 20. минути од играта, „зелено-црните“ имаа плус од 15.поени (47:32).
Ненад Димитријевиќ реализираше седум поени (0/2 за три, 2/3 за два и 3/3 за еден поен) за само 7:29 минути во игра во тоа прво полувреме. А имаше по еден скок и успешно додавање во тој период во кој блескаше Феран Басас, стрелец на 16.поени (4/5 за три поени).
Со серија од (18:8) гостите од Виторија направија вистински играчки и резултатски пресврт. Поведоа со (71:70) на нецели четири минути пред крајот на овој меч. Така беше и на 31.секунда пред истекот на регуларниот дел (81:80). Но Басас се претвори во јунак на тимот од Бадалона. Со звукот на сирената погоди тројка, за него петта, од шест обиди.
За конечни (83:82) за Хувентуд против бранителот на титулата во Шпанија, и скор (5.победи и 2. порази)
За 14:39 минути, Димитријевиќ застана на седум поени. Со шут од игра 2/11 и стонастотни 3/3 од линијата за слободни фрлања, како и по два скока и асистенции.
Во следното, 8.коло од најквалитетната лига на Шпанија, на 30. октомври, Хувентуд има гостување кај екипата на Фуенлабрада.