11.05.2021 Тоа „зелено-црните“ од Бадалона го потврдија на тешкото гостување кај Басконија Екипата на Хувентуд и дефинитивно ќе биде дел од „осумката“ која ќе се бори за трофејот во „Ендеса“ лигата. Екипата од Бадалона стигна до два големи бода на гостувањето кај Басконија. Беа подобро од евролигашот, и славеа со сигурни (79:71). Доволно за скор (19-15), по 34. одиграни кола и 7.место на табелата во најсилната европска лига. Ненад Димитријевиќ немаше своја вечер во срцето на Баскија. Играше малку, очекувано, ако се земе в предвид дека заработи ситна повреда на претходниот меч поради што доби и мала поштеда од тренерот Карлес Дуран. Реализираше само два поени (1/3 од поле) и исто толку додавања за 18:45 минути на теренот во Арената „Фернандо Буеса“