Гостуваа во Мурсија, но мислеа на Мадрид, и на она што следува, финалниот турнир од „Купот на кралот“.
Сеедно, Хувентуд успеа во намерата да го добие мечот на гостувањето во Мурсија (91:84), но и да сочува добар дел од енергијата потребна за она што следува за неколку дена во главниот град на Шпанија.
Во тој стил, беше ограничена и минутажата на Ненад Димитријевиќ.
Нашиот репрезентативен бек одигра нецели девет минути на овој натпревар (не играше во второто полувреме). Реализира два поени (1/3 од поле) и еден скок.
По 21.одигран меч во „Ендеса“ лигата, тимот од Бадалона е на ефект (12-9), за седмо место во класификацијата.