17.03.2021

Ненад Димитријевиќ реализираше седум поени и четири додавања во победата над Естудијантес од (90:83) во Мадрид

„ЕНДЕСА“ ЛИГА: Хувентуд ја прекина врската на „поштарите“, плеј-офот е се поблиску

Кошаркарите на Хувентуд се еден чекор поблиску до заверката на пласманот во доуигруавњето за титулата во најсилната лига во Европа, шпанската.

Во заостанат натпревар од 21.коло на „Ендеса“ лигата, во Мадрид, Хувентуд го победи Естудијантес со резултат (90:83).

Ненад Димитријевиќ одигра нецели 20.минути во кои реализираше седум поени (1/2 за три и 2/6 за два поени), имаше и четири асистенции и два скока за тоа време во игра.

Ова беше 15.победа за екипата од Бадалона во 25.одигран меч, со која ја држи позицијата број 7