30.01.2021

Славеше тимот од Бадалона со (80:75), пет поени и пет асистенции за Ненад Димитријевиќ

„Ендеса“ лига: Хувентуд најде решение за Фуенлабрада

Кошаркарите на Хувентуд ја продолжија серијата на победи, сега и во шпанската елитна конкуренција.

Иако потешко од очекувањата, тимот на Ненад Димитријевиќ ја совлада цврстата Фуенлабрада со резултат (80:75).

За 28:22 минути во игра, нашиот репрезентативен бек реализираше пет поени (1/2 за три и 1/5 за два поени). Имаше и исто толку успешни додавања, но и два скока.

Со скор од десет победи и девет порази, „зелено-црните“ се на 7.позиција на табелата во „Ендеса“ лигата.