23.05.2021

Екипата од Бадалона загуби убедливо на гостувањето кај Билбао (73:94), го „потврди“ седмото место кое носи серија со „соседите“

ЕНДЕСА ЛИГА: Хувентуд оди на Барселона во четвртфиналето на плеј-офот

Ненад Димитријевиќ не го одигра последниот меч од регуларниот дел од сезоната во „Ендеса“ лигата за екипата на Хувентуд.

Без негова помош, екипата од Бадалона загуби убедливо на гостувањето кај Билбаов (73:94), со што „зелено-црните“ го потврдија седмото место на табелата по регуларниот дел од шпанскиот шампионат.

Позиција која за противник во четвртфиналето им ја носи екипата на Барселона која заврши како второпласирана и ќе ја има предност на домашен терен во соседските пресметки кои стартуваат наредната седмица.  

Термините ќе бидат одредени подоцна, со оглед на тоа дека тимот од „Блауграна“ го чека настапот на „Фајнал-фор“ турнирот на Евролигата во Келн, кој полнува на 28.мај, а каталонците во полуфиналето ги чека дуелот со екипата на Армани Милано.