Екипата на Хувентуд стигна до 20.победа во „Ендеса“ лигата на Шпанија. Вечерва, во Бадалона, Ненад Димитријевиќ и соиграчите беа многу подобри од екипата на Морабанк Андора. Славеа со сигурни (99:92), за вкупен ефект (20-15) на коло пред крајот на регуларниот дел, и седма позиција на табелата во најсилната лига во Европа.
Ненад Димитријевиќ одигра 17:03 минути на овој меч. Притоа реализираше 10.поени (1/1 за три, 2/3 за два и 3/3 за еден поен). Додаде и седум успешни додавања и два скока за тоа време поминато во игра.
Во последнкиот круг од првенството, Хувентуд игра против екипата на Билбао, по што следува доигрувањето за шампионската титула.
Екипата од Бадалона има теоретски шанси да заврши и како шестопласирана. Но за да биде така, освен успех против аутсајдерот, нивниот опонент во трката, Сан Пабло Бургос треба да загуби на двата неодиграни натпревари. Утревечер, на гости, против Естудијантес, и во последното коло, на домашен терен против Обрадоиро.