23.12.2020

Во Бадалона е совладана Мурсија (104:93), со помош од 11 поени и 4 асистенции од Ненад Димитријевиќ...

„Ендеса“ лига: Хувентуд повторно победува

Хувентуд вонредно го одигра дуелот со Мурсија и стигна до убедлива и важна победа. Во најефикасниот, за нив, натпревар од првиот дел во најсилната европска лига, „зелено-црните“ славеа со резултат (104:93)

Во првото полувреме Димитријевиќ одигра скромни 6:43 минути, без никаков ефект, oсвен еден нереализиран обид за три поени. Но Хувентуд обезбеди високо водство (56:43).

Во второто полувреме, нашиот интернационалец беше доста подобар. До крајот на мечот во Олимписката сала во Бадалона собра 11 поени (1/3 за три и 4/5 за два поени) и четири успешни додавања до соиграчите, за нецели 20.минути во игра.

По 17. коло (и натпревар помалку), со скор (10-5) екипата од Бадалона е на делба на петтото место на табелата во „Ендеса“ лигата.