11.04.2021

Нивните екипи ги загубија мечевите од 30.коло од најсилната европска лига против Валенсија и Гран Канарија

„Ендеса“ лига: Лоша вечер за Хувентуд и за Сарагоса, порази за Димитријевиќ и Вајли

Лош викенд за македонските репрезентативци кои настапуваат во „Ендеса“ лигата на Шпанија.

Екипата на Хувентуд прикажа слаба игра, и загуби на домашен терен во мечот со одличната Гран Канарија, додека пак Касадемонт Саргоса, исто така на домашен терен, беше поразена од Валенсија (84:103)

Хувентуд одигра очајно прво полувреме против екипата од Канарските Острови во кое влезе во минус од дури 21.поен (55:34).

Во продолжението, Димитријевиќ и соиграчите саиграа многу поефикасно. Дури и анулираа 17 поени од таа негатива во третата четвртина која ја добија со двојно поголеми (34:17). Во последниот период влегоа со -4, (68:72). Но не успеаја да направат комплетен резултатски пресврт.

Ненад Димитријевиќ прикажа уште една добра партија. За 24:40 минути, македонскиот репрезентативен бек реализираше 13.поени (0/5 за три, 5/9 за два и 2/2 за еден поен), плус шест асистенции и четири скока.

*Касадемонт Сарагоса играше на домашен терен, а за противник ја имаше екипата на Валенсија која излезе како победник (85:76).

Џејкоб Вајли не беше во стартната петорка на Сарагоса, а во првиот дел одигра нецели 10.минути во кои ги реализираше своите пет поени (2/4 за два и 1/1 за еден поен), кои подоцна ги дополни со три скока и една асистенција за вкупно 12:56 минути на теренот.

По ова 30.коло, Хувентуд подзастана во трката за позицијата 6. Екипата од Бадалона е на ефект (16-12) и е на 7.позиција, додека пак Касадемонт Сарагоса се спушти на позицијата 13, има ефект (10-18).