Во 4. коло од шпанската „Ендеса“ лига, кошаркарите на Хувентуд имаа тешко гостување во Андора. Против добро познатиот ривал со кого ги одмерија силите и во ланското издание на Еврокупот.
По 40.минути жестока борба, славеше тимот од Бадалона, со минимални (89:87). А клучни беа два потези во изведба на Ненад Димитријевиќ.
Нашиот репрезентативец влезе во игра во средината на првиот период во кој немаше некој особен ефект.
По еден неточен обид за два и за три поени, и еден скок. Во продолжението имаше три успешни додавања, од оние 13. на Хувентуд во првите 20.минути Интересно, гостите имаа повеќе асистенции во однос на скокови (само 11), а стигнаа и до егал резултат, (42:42).
Израмнета беа играта и резултатот и во второто полувреме од овој меч.
Промена беше што Димитријевиќ освен додавањата, почна да го погодува противничкиот кош. Даде пет поени, а набрзина собра уште три асистенции (вкупно шест), а натпреварот „отиде“ во егал-завршница.
Ја реши Димитријевиќ. Прво, со игра „два плус еден“ го донесе Хувентуд на плус од пет поени (84:79), а потоа имаше уште едно правовремено додавање до Томиќ, за (86:81).
На крајот, за 28. минути во игра, македонскиот рпрезентативец дојде до ефект од 12.поени поени (5/9 од игра и 1/2 од линијата за слободни фрлања), седум асистенции, три скока, две освоени и пет загубени топки.
По четири круга во „Ендеса“ лигата, Хувентуд е на ефект од три победи и еден пораз.